Во март ќе биде емитувана нова епизода на Family Guy со Star Trek
: The Next Generation тематика. Како што е најавено на
SF Universe, актерите од Star Trek: The Next Generation ќе ги позајмат своите гласови за нивните карактери во епизодата Not All Dogs Go to Heaven.
Ниту еден од екипата на TNG нема да изотстанува или поточно во епизодата ќе ги слушнеме гласовите на:
Patrick Stewart,
LeVar Burton,
Gates McFadden,
Michael Dorn,
Wil Wheaton,
Denise Crosby,
Marina Sirtis,
Brent Spiner и
Jonathan Frakes.
Во Not All Dogs Go to Heaven, семејството Griffin ќе ја посети годишната Стар Трек конвенција во Quahog на која Stewie ќе се налути бидејќи нема да биде во можност да му постави прашање на својот омилен лик од TNG екипата. Тој планира и гради транспортер и ја телепортира целата екипа во својата соба за да помине интересен ден со екипата на TNG.
Со учеството во оваа епизода актерите од TNG ќе се сретнат повторно во целост после подолг период.
Not All Dogs Go To Heaven ќе биде емитувана во недела, 29-ти март во 21:00 часот на FOX.
Извор:
Мак Трек