Jump to content

Photo

Star Trek: Discovery

34 replies to this topic

#21 Divich

Divich

    Commander of Starfleet

  • Members
  • 2,706 posts
  • Gender:Male
  • Location:NCC-1701E but also often in Skopje Macedonia
 
Posted 13 October 2017 - 03:19 PM

nekoj da ne znae zosto zena mi nemoze da napravi acc tuka? proba edno 10 pati i ne i dozvoluva da se registrira.. help...

Нино, прашај некој од Global Moderators

il-parait-que-tous-les-gouts-sont-dans-l

Ad eundum quo nemo ante iit
 
#22 TheClown

TheClown

    Pastafarian Black Belt Priest

  • Members
  • 5,440 posts
  • Gender:Male
  • Location:The Circus
 
Posted 16 October 2017 - 01:30 PM

Искрено многу јакичка епизода. А како што наговести и крајот ќе имаме интерена следна епизода. The Geys in Space!!! Alice true the looking Glass

"Don't you want it?"

#23 Divich

Divich

    Commander of Starfleet

  • Members
  • 2,706 posts
  • Gender:Male
  • Location:NCC-1701E but also often in Skopje Macedonia
 
Posted 17 October 2017 - 03:12 PM

Ок. Spore Drive (страшно ме нервира), очигледно само Tardigrade ја гледа мрежата од спори, и е неприменливо за други видови.
Тука би требало да почне приказната околу прашањето зашто не би се користел Spore Drive.
 
Прашањето што ме мачи е:
-Доколку Старфлит ја отфрли технологијата како невозможна за користење од етички причини, бидејќи со тоа им наштетува на свесни суштества (во случајов Tardigrade), дали истото прашање на Борг би им предизвикувала грижа на совест?
 
Најверојатно одговорот лежи во нуспојавите што ги предизвикува навигацијата низ мрежата за другите некомпатибилни суштества.
 
Настрана Spore Drive технологијата, 5-тата епизода е вистинска Стар Трек епизода. Ова е оној Стар Трек кој сакам да го гледам. И покрај тековната војна се истражува и се оди каде ниту еден човек не бил до сега. И најважно од се, се поставуваат тешки етички прашања. И да, се рушат табуа. 
 
Страшно сум задоволен. 

il-parait-que-tous-les-gouts-sont-dans-l

Ad eundum quo nemo ante iit
 
#24 TheClown

TheClown

    Pastafarian Black Belt Priest

  • Members
  • 5,440 posts
  • Gender:Male
  • Location:The Circus
 
Posted 17 October 2017 - 03:16 PM

А дали некој примети дека најавија епизода од Mirror universe?

"Don't you want it?"

#25 Divich

Divich

    Commander of Starfleet

  • Members
  • 2,706 posts
  • Gender:Male
  • Location:NCC-1701E but also often in Skopje Macedonia
 
Posted 17 October 2017 - 03:21 PM

А дали некој примети дека најавија епизода од Mirror universe?

Ако мислиш на последната сцена, не знам како да ја протолкувам. Мислам дека тука има друга квака.

il-parait-que-tous-les-gouts-sont-dans-l

Ad eundum quo nemo ante iit
 
#26 TheClown

TheClown

    Pastafarian Black Belt Priest

  • Members
  • 5,440 posts
  • Gender:Male
  • Location:The Circus
 
Posted 17 October 2017 - 03:27 PM

Да да. На последната сцена мисла. Премногу очигледно ми е дека ќе биде следната или епизодата после тоа баш Мирор. 

Кога сме кај Спор Драјвот. Немам ништо против идеата или техннологијата. Ама како што кажа Дивич..... Што правиме со Боргите? Баш никогаш да не налетаат на таа технологија или барем на некој што знае за таа технологија? А после Wolf 359 не верувам дека не знаеле за тоа. Освем!!! Освем ако ова не излезе дека е Section 31 не гледам некоја друга опција како не би знаела цела федерација баш за оваа технологија. 

"Don't you want it?"

#27 -Q-

-Q-

    Admin/MakTrek

  • Members
  • 2,962 posts
  • Gender:Male
  • Location:Skopje, Macedonia
 
Posted 17 October 2017 - 04:09 PM

Или сите гинат на крај или завршуваат во Andromeda заглавени. :)

Немам толку проблем со наукава и како она ќе се вклопи со канон, Борг, Ромуланци, Кардасијанци и разни тракатанци. Имаат неколку сезони да ни објаснат зошто нема да се користи драјвот и имаат многу објаснувања да ни понудат реално. Јас веќе имам 3-4 кои се верливи.

Друго ми е мене.

Стар Трек за многумина разно значи, веројатно тоа е и убавината на серијалот. Секој гледа СТ низ своја призма и при тоа го дефинира, а и суди серијалот. Веројатно затоа и можеме да го гледаме по 5-10 затоа што секогаш можеш од различна призма да го гледаш и секогаш да ти биде свежо и уникатно.

Го пишувам ова затоа што според мене, последнава епизода не е Стар Трек за мене. Се плашам дека веќе ги поставија темелите на кај ќе се движиме, пошто многу работи се издесија, многу пропуштени шанси од сценаристиве (не знам дали намерно) и не ми се допаѓа тоа што доаѓа. Се надевам дека како одминува време, нема да се пребацам во кампот на Брејкот! 12 години чекав за нова серија и нејќам да ја хејтам.

Ај со ред.

Докторот, Стаметс и Мајкл му кажаа на Сару дека го повредуваат тардигрејдот и он пак не ги послуша. Сару испадна малтене ко денешниве „мудреци-лаици“. Кој ве врти вас научници, глобално затоплување не постои, пошто во моментов не ми одговара. Не е тоа Стар Трек другари. Стар Трек ќе беше да ги послуша експертите на темата (сите до еден научници), да не го прават скокот дури и по цена да го изгубат капетанот! Е тоа ќе беше Стар Трек, Сару да го жртвува капетанот (особено после загубата на Џорџо) за да спаси невино животно кое е злоупотребувано во воени цели! Не викам да умреше Лорка, донт гет ми вронг.

Лорка го остава Хари Мад, пошто ги кодошел, а нема проблем со божемскиот официр, кој многу веројатно ќе биде клингонски шпиун, кој сам призна дека капетаницата го мазела и чувала 7 месеци. Не, Стар Трек ќе беше и покрај срањата на Мад, Лорка да го земеше и него и со тоа ќе ни кажеа дека дури и во таков човек како Лорка, човештвото и сочувството знае да излезе на површина. Тоа ќе беше Стар Трек.

Состанокот на Лорка. Па старфлит не испадна ништо поразличен од Лорка. Сеа како што гледаме пуштени се во лов по тардигрејдс. Никој не се запрашал у Старфлит дај да видиме логовите на Дискавери дали му се штети на животното па после да решат да одат во лов? Требаше на Лорка да му се каже сместа да престане да го користи дур не откријат што е и како е со тардигрејдот, па макар и он после да ги игнорира и на своја воља да го користи. Ќе го оставена него како лош, веќе ако сакаат до толку а Старфлит ќе беше ок. Тоа ќе беше Стар Трек.

Лорка си извршил масакр на екипажот само за да не паднат во рацете на Клингонците? WTF? Јас разбирам дека Лорка треба да е малтене макијавелист во време на војна, немам голем проблем со тоа, ама ова е pure evil.

Е сеа ја знам тезата дека сево ова е пред Старфлит кој го знаеме, и дека треба да видиме како они дошле до тие вредности кои ги имаме во ТОС и понатака. Ама ако сакаат да ми кажат дека Старфлит за само 10 години, од warmongers, опортунисти, садисти се претвориле во човештво со висока развиена свест и морални вредност, ондак тоа за мене ќе е многу лејзи врајтинг и тотално бесмислено. Вакви промени од овој тип се случуваат со векови, а не само за 10 години.

Епизодата беше ок, добар СФ. Крајот феноменален. Едвај чекам да видам што понатака. Се надевам само дека нема да го тупат со mirror universe многу, пошто рекоа дефинитивно ќе има. Тоа се једини епизоди кои ги рипам коа глеам СТ. 

Ама ради ова погоре напишаново, од денеска ќе морам посебно да ги оценувам епизодите. Како стар трек епизода и како обична СФ епизода.

Episode rank: 7/10 

Star Trek rank 4/10

Posted Image
Q@maktrek.org.mk - http://www.maktrek.org.mk/
Picard to Q - "I refuse to believe that the afterlife is run by you; the universe is not so badly designed."
ST First Contact - Picard: "They invade our space, and we fall back. They assimilate entire worlds, and we fall back. Not again. The line must be drawn here! This far, no further! And I will make them pay for what they've done!"

#28 -Q-

-Q-

    Admin/MakTrek

  • Members
  • 2,962 posts
  • Gender:Male
  • Location:Skopje, Macedonia
 
Posted 17 October 2017 - 04:14 PM

Ќе ги набројам на кратко убавите работи да не испадне дека хејтам само.

Добри комични моменти беа коа Сару си праеше програмче за како да биде бољи капетан :D

На крајот што сепак го пуштија тардигрејдот, јес да некако наеднаш го пуштија, без некое објаснување како дошле до заклучок дека ако го пуштат ќе му биде поарно.

Ок го изведоа геј моментот на крај со докторот и Стаметс. Стар Трек рушел табуа и треба да продужи да руши. За тоа имаат чиста десетка.

Posted Image
Q@maktrek.org.mk - http://www.maktrek.org.mk/
Picard to Q - "I refuse to believe that the afterlife is run by you; the universe is not so badly designed."
ST First Contact - Picard: "They invade our space, and we fall back. They assimilate entire worlds, and we fall back. Not again. The line must be drawn here! This far, no further! And I will make them pay for what they've done!"

#29 TheClown

TheClown

    Pastafarian Black Belt Priest

  • Members
  • 5,440 posts
  • Gender:Male
  • Location:The Circus
 
Posted 17 October 2017 - 04:44 PM

Ок го изведоа геј моментот на крај со докторот и Стаметс. Стар Трек рушел табуа и треба да продужи да руши. За тоа имаат чиста десетка.

Што се однесува до тоа. Не би рекол дека е кршење бариери како што спомна Дивич. Зошто сепак има многу други серии и филмови што влегле мејстрим и ја обработиваат баш таа тематика. Очекував да претераат со геј лав муабеот ама ептен со многу добар вкус ја изведоа работата.

Гемерално ќе видиме како иде приказната натмау. Сепак целата серија излегува надвор од многу Стар Трек концепти на кој сме навикнати. Повеќе играат на Сезонската приказна отколку што сме навикнати до сега каде генерално секоја епизода си беше само себе. Дури и во Војаџер.

Сега за сега се закачив како Аеродромец на хорс во 90ти.

"Don't you want it?"

#30 Divich

Divich

    Commander of Starfleet

  • Members
  • 2,706 posts
  • Gender:Male
  • Location:NCC-1701E but also often in Skopje Macedonia
 
Posted 17 October 2017 - 04:49 PM

Или сите гинат на крај или завршуваат во Andromeda заглавени. :)

Немам толку проблем со наукава и како она ќе се вклопи со канон, Борг, Ромуланци, Кардасијанци и разни тракатанци. Имаат неколку сезони да ни објаснат зошто нема да се користи драјвот и имаат многу објаснувања да ни понудат реално. Јас веќе имам 3-4 кои се верливи.

Друго ми е мене.

Стар Трек за многумина разно значи, веројатно тоа е и убавината на серијалот. Секој гледа СТ низ своја призма и при тоа го дефинира, а и суди серијалот. Веројатно затоа и можеме да го гледаме по 5-10 затоа што секогаш можеш од различна призма да го гледаш и секогаш да ти биде свежо и уникатно.

Го пишувам ова затоа што според мене, последнава епизода не е Стар Трек за мене. Се плашам дека веќе ги поставија темелите на кај ќе се движиме, пошто многу работи се издесија, многу пропуштени шанси од сценаристиве (не знам дали намерно) и не ми се допаѓа тоа што доаѓа. Се надевам дека како одминува време, нема да се пребацам во кампот на Брејкот! 12 години чекав за нова серија и нејќам да ја хејтам.

Ај со ред.

Докторот, Стаметс и Мајкл му кажаа на Сару дека го повредуваат тардигрејдот и он пак не ги послуша. Сару испадна малтене ко денешниве „мудреци-лаици“. Кој ве врти вас научници, глобално затоплување не постои, пошто во моментов не ми одговара. Не е тоа Стар Трек другари. Стар Трек ќе беше да ги послуша експертите на темата (сите до еден научници), да не го прават скокот дури и по цена да го изгубат капетанот! Е тоа ќе беше Стар Трек, Сару да го жртвува капетанот (особено после загубата на Џорџо) за да спаси невино животно кое е злоупотребувано во воени цели! Не викам да умреше Лорка, донт гет ми вронг.

Лорка го остава Хари Мад, пошто ги кодошел, а нема проблем со божемскиот официр, кој многу веројатно ќе биде клингонски шпиун, кој сам призна дека капетаницата го мазела и чувала 7 месеци. Не, Стар Трек ќе беше и покрај срањата на Мад, Лорка да го земеше и него и со тоа ќе ни кажеа дека дури и во таков човек како Лорка, човештвото и сочувството знае да излезе на површина. Тоа ќе беше Стар Трек.

Состанокот на Лорка. Па старфлит не испадна ништо поразличен од Лорка. Сеа како што гледаме пуштени се во лов по тардигрејдс. Никој не се запрашал у Старфлит дај да видиме логовите на Дискавери дали му се штети на животното па после да решат да одат во лов? Требаше на Лорка да му се каже сместа да престане да го користи дур не откријат што е и како е со тардигрејдот, па макар и он после да ги игнорира и на своја воља да го користи. Ќе го оставена него како лош, веќе ако сакаат до толку а Старфлит ќе беше ок. Тоа ќе беше Стар Трек.

Лорка си извршил масакр на екипажот само за да не паднат во рацете на Клингонците? WTF? Јас разбирам дека Лорка треба да е малтене макијавелист во време на војна, немам голем проблем со тоа, ама ова е pure evil.

Е сеа ја знам тезата дека сево ова е пред Старфлит кој го знаеме, и дека треба да видиме како они дошле до тие вредности кои ги имаме во ТОС и понатака. Ама ако сакаат да ми кажат дека Старфлит за само 10 години, од warmongers, опортунисти, садисти се претвориле во човештво со висока развиена свест и морални вредност, ондак тоа за мене ќе е многу лејзи врајтинг и тотално бесмислено. Вакви промени од овој тип се случуваат со векови, а не само за 10 години.

Епизодата беше ок, добар СФ. Крајот феноменален. Едвај чекам да видам што понатака. Се надевам само дека нема да го тупат со mirror universe многу, пошто рекоа дефинитивно ќе има. Тоа се једини епизоди кои ги рипам коа глеам СТ. 

Ама ради ова погоре напишаново, од денеска ќе морам посебно да ги оценувам епизодите. Како стар трек епизода и како обична СФ епизода.

Episode rank: 7/10 

Star Trek rank 4/10

Валидни аргументи Q.

Но, добрата страна во сето тоа е што сите, и Лорка и Сару, си ги согледуваат грешките. Тоа според мене е клучниот момент. Да згрешиш е лесно, да си ја признаеш грешката е смело, а кога врз основа на грешката ќе се поправиш, тоа те чини човек (во вистинска смисла). Тоа е тој момент што ме радува во Стар Трек. Како сите да го пронајдат човекот во себе. 

il-parait-que-tous-les-gouts-sont-dans-l

Ad eundum quo nemo ante iit
 
#31 -Q-

-Q-

    Admin/MakTrek

  • Members
  • 2,962 posts
  • Gender:Male
  • Location:Skopje, Macedonia
 
Posted 17 October 2017 - 05:56 PM

Валидни аргументи Q.
Но, добрата страна во сето тоа е што сите, и Лорка и Сару, си ги согледуваат грешките. Тоа според мене е клучниот момент. Да згрешиш е лесно, да си ја признаеш грешката е смело, а кога врз основа на грешката ќе се поправиш, тоа те чини човек (во вистинска смисла). Тоа е тој момент што ме радува во Стар Трек. Како сите да го пронајдат човекот во себе. 

Се надевам ќе го најдат. Само се плашам за некои да не е предоцна, односно за серијата да не е предоцна. Ќе видиме на каде ќе се движи до полусезона барем. До тогаш би требало да имаме чиста слика на кај ќе се движи серијата.
Posted Image
Q@maktrek.org.mk - http://www.maktrek.org.mk/
Picard to Q - "I refuse to believe that the afterlife is run by you; the universe is not so badly designed."
ST First Contact - Picard: "They invade our space, and we fall back. They assimilate entire worlds, and we fall back. Not again. The line must be drawn here! This far, no further! And I will make them pay for what they've done!"

#32 Lore

Lore

    Vice Admiral

  • Members
  • 1,249 posts
  • Gender:Male
  • Location:Skopje, Macedonia
 
Posted 18 October 2017 - 11:20 AM

http://www.denofgeek...rfleet-admirals

ОК, риалити чек малце. 

Ако не ви текнува, ова се десет лоши адмирали до сега, а има и поише од ова. Епа, секој од овие бил капетан пред да стане адмирал, така?

Е сега убација и капетанот на бродот околу кој се врти серијата да биде, барем за сега, злочко. :)

Важно е што Мајкл има јако морално јадро, она е водечки карактер, она го претставува трек како што си го знаеме и сакаме.

Исто, порано со децении сите амерички серии и филмови се правеа со џандари како гуд гајс, а ФБИ или ЦИА негативци. Ви текнува? Епа во денешно време и тоа е сменето, ова само го отсликува истото во трек.

Captain, short range sensors detect Klingons around Uranus!

#33 -Q-

-Q-

    Admin/MakTrek

  • Members
  • 2,962 posts
  • Gender:Male
  • Location:Skopje, Macedonia
 
Posted 22 October 2017 - 05:19 AM

Веројатно фотељата ги расипала :)))

Инаку за Мајкл, да она е морален центар на серијата, ама проблемот е што она не носи одлуки кои имаат консеквенци. Лесно е да морализираш кога не треба да решаваш лајф енд дет ситуации. Тоа веројатно ми фали мене во серијава за сега.
Posted Image
Q@maktrek.org.mk - http://www.maktrek.org.mk/
Picard to Q - "I refuse to believe that the afterlife is run by you; the universe is not so badly designed."
ST First Contact - Picard: "They invade our space, and we fall back. They assimilate entire worlds, and we fall back. Not again. The line must be drawn here! This far, no further! And I will make them pay for what they've done!"

#34 -Q-

-Q-

    Admin/MakTrek

  • Members
  • 2,962 posts
  • Gender:Male
  • Location:Skopje, Macedonia
 
Posted 23 October 2017 - 05:44 PM

Супер епизода! Вака отприлика би било супер да се движи. Кога видов во најавната шпица Joe Menosky дека е сценарист на оваа епизода, знаев дека сериозен трек ќе гледам. Menosky има еден тон одлични епизоди напишано меѓу кои и Darmok! Врзувањето на приказната за Сарек со Мајкл а и со подоцнежниот лош однос кој го има Сарек со Спок се гледа дека сериозен треки (а не новокомпонован) го има напишано. Прејако изведено! Сега Сарек во ТОС со сосем други очи ќе го гледам, и тоа е тоа што треба серијава да остави како наследство. Контекст да ни даде за работите што ги гледаме во ТОС.

А и ми се свиѓа тоа со катрата врзувањето што се обидуваат да го дообјаснат и зошто Сарек ја има таа специјална конекција со Мајкл.

На Лорка се обидуваат човечка димензија да му дадат во епизодава и зошто он е таков, но пак ќе речам, предалеку одат со него. Предалеку е моментот, ок нека умре она, само да не ми го земе бродот. Дури на момент помислив дека Лорка е уствари мирор Лорка, ама ај ќе видиме.

Оверол, повторно сум задоволен :)

Episode rank 9/10

Star Trek rank 8/10

Posted Image
Q@maktrek.org.mk - http://www.maktrek.org.mk/
Picard to Q - "I refuse to believe that the afterlife is run by you; the universe is not so badly designed."
ST First Contact - Picard: "They invade our space, and we fall back. They assimilate entire worlds, and we fall back. Not again. The line must be drawn here! This far, no further! And I will make them pay for what they've done!"

#35 Divich

Divich

    Commander of Starfleet

  • Members
  • 2,706 posts
  • Gender:Male
  • Location:NCC-1701E but also often in Skopje Macedonia
 
Posted 23 October 2017 - 05:52 PM

Добро. Знаев дека Лорка е лош момак. Знаев дека во услови на војна се носат и брзи одлуки но не и не пресметани. Прифаќам и дека е не конвенционален. Во одредени моменти, според постапките, го препознавам и Кирк. Дури почна и да ми се допаѓа. Ама оваа епизода беше злобен до даска.

Од светлата страна пак, ми се допаднаа приказната со Сарек. Сега ми има  логика  :naughty3dg: од каде потекнува бунтот на Сајбок, и човечкото во Спок. Самиот е бунтовен, и иако тоа вешто го крие, сепак е емотивен тип.

Патем, зашто ова ме потсеќа на ова

il-parait-que-tous-les-gouts-sont-dans-l

Ad eundum quo nemo ante iit
 
Reply to this topic

0 user(s) are reading this topic

0 members, 0 guests, 0 anonymous users